Ветераните на македонската репрезентација одиграа пријателски натпревар во Приштина против фудбалските ветерани на Косово на традиционалниот турнир во чест на роденденот на легендарниот фудбалер, Фадиљ Вокри.
Поранешните македонски репрезентативци го загубија мечот со 2:1 од ветераните на Косово, но резултатот секако не беше во преден план. Турнирот имаше пријателски карактер и поважна беше дружбата меѓу поранешните фудбалери.
По завршувањето на натпреварот, претседателот на ФФК, Агим Адеми, им додели трофеј на двете селекции. Капитен на македонската селекција беше Артим Шаќири, а заеднички со останатите фудбалери оддадоа почит и пред статуата на Фадиљ Вокри.
Нашата селекција ја предводеа Менсур Неџипи – селектор, Еркан Јусуф – помошник селектор.
Џемал Зеќири, Артим Шаќири, Арбен Нухиу, Драган Начевски, Вујадин Станајковиќ, Артим Положани, Ерџан Менга, Неџат Шабани, Ќатип Османи, Куштрим Балажи, Горан Георгиевски, Џенан Хајдари, Афет Јашари, Ванчо Мицевски, Бруно Пресилски, Драган Веселиновски, Аргент Беќири, Горан Станковски.