Најдобар начин да се заштитиме од сајбер нападите однадвор е да формираме посебна агенција, која ќе спроведе дигитална трансформација и ќе ја воспостави основната инфраструктура. Озсвен тоа, агенцијата ќе избира соодветен софтверски решенија, ќе организира обуки за вработените и ќе биде одговорна за сајбер заштита, изјави во интервју за Тв Шења и порталот зум.мк Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација.

Азири смета дека сегашниот дигитален систем не е добар бидејќи е  децентрализиран и секое министерство има различни решенија и затоа се лесен објект на напади. „Да имавме каскадна заштита, на централно и локално ниво лажните закани за бомби немаше да стигнат до мејловите на училиштата затоа што чадорот заштита ќе ги филтрирање лажните мејлови“, уверува министерот Азири.

Тој тврди дека агенцијата ќе обезбеди подобра заштита, единствениот систем нема да чини толку скапо и ќе се задржат професионалците во институциите затоа што ќе имаат иста плата како во приватниот сектор..

Зборувајќи за користењето на различни антивирус системи со сомнително потекло од државните институции Азири вели дека тоа е резултат на парцијалните решение што досега се спроведени за заштита на дигиталниот систем. Според него, не е битен само квалитетот на софтверот за заштита, туку и сајбер хигиената на вработените во администрација кои треба да се обучат како да не го заразат системот одвнатре.