Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека во Град Скопје, од редовите на партијата ќе бидат именувани еден директор и тројца заменици директори.
„Милам дека е едно директорско место, 3 заменици директори, но е сериозна власт. Има и други, но не сакам да навлегувам во детали“, истакна Азири.
Говорејќи околу тоа зошто досега не се именувани, Азири рече дека не станува збор за доцнење, но е прашање на внатрешната организација на Алијанса за Албанците и дека верува дека многу наскоро, после Нова година, директорите ќе бидат поставени.