Азербајџан ќе ја затвори копнената граница со Русија до 1 март 2021 година поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19 во двете земји, соопшти денеска Амбасадата на Азербејџан во Москва.

Азербејџанската Влада воведе посебни карантински мерки до 31 јануари, а од 14декември до 18 јануари сите ресторани, кафулиња и трговски објекти, освен супермаркетите и апотеки ќе бидат затворени, додека граѓаните за да ги напуштат нивните домови им треба посебна дозвола, што ја добиваат преку СМС порака. Влезот во 17 поголеми градови и окрузи, вклучително и Баку е ограничен.

Од почетокот на пандемијата во Азербејџан регистрирани се 195.422 инифицирани лица со Ковид-19, а во Русија – 2.791.220 луѓе. (МИА)