Еден Азар одигра две сезони во Кралскиот клуб, но не ги оправда очекувањата.
На широко се пишуваше дека Азар сака да го напушти Реал Мадрид и да се врати назад во Челзи, од каде што дојде за околку 150 милиони евра.
Зидан кој ја напушти клупата на Реал, цврсто го поддржуваше Азар, но белгиецот имаше бројни повреди и беше далеку од формата во кој беше во Челзи, а Перез почна да размислува за негова продажба.
Но веста за доаѓањето на Карло Анчелоти кој вчера официјално беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид, го израдува Азар.
На првата пресс конференција Карло Анчелоти порача дека Азар и Бејл можат да бидат многу важни играчи во неговиот тим и исто така напомена, дека доста играчи ќе добијат шанса за докажување.
По обраќањето на Анчелоти се огласи и Азар кој се надева дека ќе добие трета шанса во Кралскиот клуб.
„Сите во Реал Мадрид знаат што Анчелоти му донесе на овој клуб. Тој ја освои Лигата на шампионите со оваа група на играчи и познава најголем дел од фудбалерите. Знаеме дека станува збор за тренер со огромно искуство, тренер кој го познава градот и фановите“, рече Азар, а потоа додаде.
„Верувам дека можеме да направиме многу убави работи заедно. Не го познавам лично, но имам слушнато дека е многу добра личност која сака да победувам. Ќе имаме шанса да работиме заедно и сметам дека ова се добри вести за мене,“– изјави Азар за „РТБФ“.