Еден Азар е член на Реал Мадрид скоро две години, но не ја оправда цената од 100 милиони евра, што кралевите ја платија за него.
Белгиецот беше претставен на почетокот на јуни 2019 година како ново засилување на Кралевите, а на 13 јуни беше пречекан од 50.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак, бројните повреди го тгнаја Азар од дресот на Реал. Тој имаше дури 11 повреди за помалку од две сезони, а поранешниот играч на Челзи, Дамиен Даф тврди дека тоа се должи на неспортски живот.
Даф верува дека Азар никогаш не бил вистински професионалец во неговата деловна активност и дека имал остар став кон него.
„Тој има 30 години, има самодоверба во дриблингот, во своето искуство, но сите знаеме што следи после 30-тата година“, рече Даф и продолжи:
“Азар никогаш не беше врвен професионалец. Тој никогаш не работеше како Меси или Кристијано Роналдо. Ако работеше, тој веројатно ќе беше рамо до рамо со нив”.
Поранешниот ирски фудбалер не застана тука.
“Тие ви плаќаат толку многу пари, како вистинска sвезда, а вие се појавувате во Реал со вишок килограми, дебели – наречете го како што сакате. Не сакам да покажувам со прст, но тој имаше 11 повреди. Едвај играше, и да се вратиш од тоа треба да бидеш голем професионалец“, рече Даф.
Азар играше за Реал Мадрид само 38 пати за скоро две години откако пристигна и постигна четири погодоци.
Даф, пак, најдобрите моменти од својата кариера ги помина во Челзи, каде играше од 2003 до 2006 година, а играше и за Блекбурн, Њукасл, Фулам и Мелбурн Сити.