Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски синоќа гостуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Беше запрашан и за автопатот Кичево – Охрид, каде работите никако да привршат.

На ова министерот вели дека не сака многу да дискутира за тоа што го заглавило овој автопат, бидејќи откако е во Министерството работи на овој проблем.

„Ги одобривме сите проекти за инфраструктура кои што дополнително беа репроектирани. Тоа беа преку 70 проекти, се одобрија за да му дадеме шанса на ЈПДП да влезе во експропријација на новите површини на експропроирање каде што и тие постапки се водат. Тоа е гломазна координација“, вели Бочварски.

Тој додаде дека на одредени делници трасата е истата, додека пак на одредени е променета бидејќи поминувала преку резервоарот за вода за пиење на Кичево.

„Изграден објект. Требаше или да го срушиме резервоарот или да ја промениме трасата. Трасата во тој дел е изместена целосно за да не се сруши резервоарот“, вели Бочварски.