Автомобил вреден 15 милиони евра е уништен по судир што се случи во загребска населба. Италијанското луксузно спортско возило „пагани зонда“ беше дел од настанот „Supercar Owners Circle Croatia 2022“, но за жал, не ги преживеа балканските улици.

На видеото од 15 секунди што го објавија хрватските медиуми се гледа „суперавтомобилот“ како поминува низ населбата, за неколку секунди подоцна да се чуе звук на удар и се гледаат луѓе како трчаат кон местото на несреќата.

Несреќата се случила околу 17.10 часот во Млинови. Учестуваа две патнички возила. Штетата е само материјална. Постапката е во тек, велат за „Вечерњи лист“ од загребската полиција.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.