Автомобил се запали вечерва на булевар „Кочо Рацин“ во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ и зградата на Црвен крст во центарот на Скопје.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА информираа дека нивна екипа од пет пожарникари и едно противпожарно возило интервенирала околу 19 часот и пожарот бил изгаснат.

Причинета е материјална штета, а информации за повредени нема.

Возилото што вечерва се запали е на истата локација каде што и во неделата беше опожарен еден автомобил „опел астра“. И тогаш беше предизвикана само материјална штета, без повредени лица.