Жена е потешко повредена во несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга.

Во нсреќата, според информацијата на полицијата, учествувале „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга“, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид.

Текстот Автомобил и автобус се судрија кај Струга, тешко повредена патничка е превземен од МАКФАКС.