Автобус со охридски регистерски ознаки удрил во лице со инвалидска количка во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, незгодата се случила вчера околу 11 часот и 25 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, а лицето било пренесено во болница каде е задржано на лекување.

Во Полициската станица Струга е пријавено дека околу 11:25 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, автобус марка „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Л.(52) од Охрид удрил во лице со инвалидска количка – С.Ч.(66) од Струга. Во несреќата С.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид каде што е задржан за натамошно лекување.

Известен бил надлежен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.