Автобус со тинејџери во кој имало и возрасни лица кои во понеделникот се вратиле од летување на Халкидики, Грција е ставен во изолација поради пациент сомнителен за ковид-19, објави СДК.
Според информацијата на порталот досега на четири патници им е издадено решение за изолација, а еден од нив е со симптоми на вирусот и утре ќе биде тестиран.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирена Сотирова-Бухова вели дека во моментов се прави епидемиолошка анкета на сите патници, додека еден од нив е со симптоми и ќе биде тестиран утре.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.