Двестотини средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ останале заглавени десетина часа на унгарскиот граничен премин „Хоргош“ додека патувале на екскурзија, а биле пропуштени дури денеска во 10 часот изутрина.
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин.