Во петокот во германскиот град Билефелд целосно изгорел автобус на компанијата „Метак транс“.
Сопственикот на превозната компанија, Стојко Цонев во изјава за Експрес.мк истакна дека се сомнева оти пожарот е пометнат од страна на нелојалната конкуренција од диви таксисти со комбиња од Македонија. Во автобусот немало патници и во момент на пожарот не сообраќал.
„Од 18 декември почнавме да сообраќаме два пати неделно од Струмица за Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија. Се сомневам дека ова е одмазда од дивата конкуренција од Македонија, поврзана со корумпирани полицајци и цариници коишто ја штитат“ порача Цонев.