Неверојатно организирани, координирани и посветени. Вака може да се опишат австриските пожарникари кои ги гасат пожарите во Малешевијата. Прво беа 96, а потоа пристигнаа нови 114 пожарникари, кои ги заменија изморените колеги. Целата опрема остана тука, а од Виена до Скопје патуваа со авион.

Веројатно ќе звучи чудно, но вистинито е. Поголемиот дел од пожарникарите од Австрија кои гасат пожари во Македонија се доброволци, односно не се професионалци. Голем дел од нив користат денови од одмор за да можат да отсуствуваат и да бидат дел од хумано дело, да помагаат, а овој пат тоа е нашата држава. Меѓу нив има студенти, но и пензионери.

На нивната Фејсбук страница, Австријците редовно информираат за ангажманот во Македонија.

Погледнете ги како се борат со пожарите во Малешевијата.