– Поради силни снежни врнежи во изминатите денови во западниот дел на Австрија е предизвикан проблем во сообраќајот и постои зголемена опасност од лавини.
Една од најважните сообраќајници преку Апленхаупткам, Фелберштрасе, меѓу Салцбург и источен Тирол, е затворена за сообраќај. На тој пат веќе се случила една лавина, која затрупа еден автомобил, чиј возач случајно бил извлечен од спасувачки екипи.
До источен Тирол моментно, во внатрешноста на Австрија, може да се стигне само преку големи обиколници, преку Тауернаутобан.
Во некои делови на источен Тирол снежните наноси достигнале висина и до три метри.