Кошаркарските репрезентации на Австралија и Италија остварија пласман во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио.
Австралијците денеска ја победија Германија со 89:76 и со сооднос од 3-0 минаа меѓу осумте најдобри селекции на турнирот.
По резултатската клацкалка во првото полувреме по кое Австралија имаше плус четири (44:40), второто полувреме целосно и припаѓа на оваа селекција која на крајот славеше сигурна победа
Пети Милс ја предводеше Австралија со 24 поени на овој меч, Ландејл додаде 18, додека кај Германија Обст беше најефикасен со 17 поени.
Италија ја совлада Нигерија со 80:71 и како второпласирана селекција од групата Б оди во четвртфиналето.
Италијанците до триумфот дојдоа благодарение на фантастичната игра во последниот дел. И дозволија на Нигерија само осум поени (24: 8) и дојдоа до триумф.
Николо Мели со 15 и Нико Манион со 14 поени ја предводеа Италија, додека во Нигерија Мету постигна 22, а Нвора додаде 20.
Во групата А, Франција го совлада Иран со резултат 79:62 и со сооднос 3-0, се пласира во следната фаза.
Томас Хертел ги предводеше Французите до победата со 16 поени, додека Хамед Хадади постигна 18 на другата страна.
Вториот патник подалеку од оваа група ќе биде познат по натпреварот помеѓу Чешка и САД, а треба да се напомене дека двете најдобри третопласирани селекции ќе одат во четвртфиналето.