Австралија денес пријави рекорден број на нови случаи на коронавирус за оваа година, а многу заразната варијанта на делта сојот продолжува да се шири во најнаселените држави Нов Јужен Велс, Викторија и Квинсленд. Истовремено, бројот на целосно вакцинирани жители е сѐ уште мал.
Околу 15 милиони луѓе во овие три земји, што е 60 проценти од населението во Австралија, се под строг карантин, а земјата, исто така, денеска објави пет смртни случаи поврзани со болеста, што е еден од највисоките бројки оваа година, пренесува Ројтерс.