„Австралија опен“, првиот тениски грен слем во годината, започнува на 8 февруари, а 72 тенисери кои пристигнаа во оваа земја се во карантин.
Денеска во карантин мораа да се најдат уште 25 тенисери и ќе останат таму следните две недели, откако еден патник беше позитивен во авионот кој дошол од Доха за Мелбурн, објавија организаторите.
Патникот, кој немаше никаква врска со тенисерите, беше негативен пред да се качи во авион со 58 лица.
Сите 25 играчи кои биле во ист авион со заразените нема да можат да ги напуштат хотелските соби сè додека не поминат 14 дена и се потврди дека не се позитивни, што значи дека нема да можат да тренираат и да се подготвуваат за мечеви до крајот на јануари.