Вкупно 24 тенисери и тенисерки, зааедно со нивниот придружен персонал, кои со чартер-лет од Лос Анџелес пристигнаа во Мелбурн за да учествуваат на претстојниот Австралија Опен ќе останат во двонеделен карантин, откако се откриени два случаи на зараза со Ковид-19 меѓу патниците.

– Наместо пет часа тренинг на отворено во „балон“, ќе можеме да тренираме само во затворено, објави уругвајскиот тенисер Пабло Куевас, кој беше меѓу патниците во авионот.

Првиот годинашен грен-слем треба да започне на 8 февруари, а околу 1.200 тенисерки, тенисерки, тренери и членови стручните екипи треба да пристигнат во Мелбурн со 15 посебни чартер летови. (МИА)