Заменик министерката за првада Викторија Аврамовска Мадиќ изјави дека очекува работната група за измени на Уставот да ја заврши работата и да достави предлог до крајот на јуни.

Во вечерашното гостување на ТВ 24, таа истакна дека земјава го почна патот кон ЕУ, но за да продолжи понатаму неопходно е да бидат направени уставните измени, како што е договорено со преговарачката рамка и скринингот.

– Само уставните измени се патот кон ЕУ. Работната група е формирана од експерти и претставници на политички партии, Министерството за правда ја формираше за да го изготви нацрт предлогот и иницијатива за отварање на Уставот. Нашата препорака е работната група да го изработи тоа што поскоро. За еден месец треба да се излезе со тој предлог и верувам дека работната група од 23 членови ќе го изготват сето тоа до крајот на јуни,  рече Аврамовска Мадиќ.