Новиот ербас А330 на Ер Србија, кој под името на научникот Никола Тесла ќе лета од Белград до Њујорк простигнал во главниот град на Србија. Авионот долетал од Холандија, каде што осум дена се изработувла сликата со ликот на Тесла.
Симболично е избрано овој авион да лета до Њујорк, зашто Тесла таму го поминал поголемиот дел од животот.
И концептот на новото мени во авионот е инспириран од режимот на исхрана на Никола Тесла. Патниците од еконоската и од бизнис класата ќе јадат по инспирација на детството на Тесла, студентските денови, но и од престојот во Њујорк.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.