Јули, август и септември се месеци кога има најмногу пожари. Во западниот регион од земјава од јануари до сега бројот на пожари варира над 150 пожари, но во текот на август во Охрид, Струга и Кичево оваа бројка се зголемувала. Во општина Кичево од почетокот на годинава пожарникарите интервенирале во 153 пожари, додека 39 случаи се само во месец август, јавува ТВ21.
Во Струга од почетокот на годинава до сега имало 163 интервенции. Само во месец август биле направени 53 интервенции за гаснење пожари.
„Во јануари имаме 16 случаи, во февруари 31, во март 13, во април 18 случаи, во мај 11 случаи, во јуни имаме 10 случаи, во јули 11 случаи и во август до овој датум 53 случаи. Седмиот месец, осмиот месец и деветтиот месец, 7-ми месец обично започнува од 15-20, но осмиот месец е поопасен за овие работи поради пожарите.“.
Во меѓувреме, на територијата на Охрид имало 170 интервенции за пожари, додека заедно со другите интервенции на охридските пожарникари имало 276 интервенции.
„Од 01.01.2023 па се до денешниот ден Тппе Охрид интервенираше на вкупно 170 пожари, а исто така при укажување на техничка помош при незгоди,обезбедување на настани и сл изврши вкупно 276 технички интервенции заклучно со денешниот ден.“, вели Борко Јанкулоски, командант на ППЕ Охрид.
За интервенции на опасни терени, каде што пожарникарите не можат да пристапат, се бара помош од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, за интервенција со хеликоптери и други возила за тешки терени. Директорот за заштита и спасување Беким Максути вели дека земјава има 3 авиони за гаснење пожари, но има недостиг од кадар бидејќи оние што се активни сега заминуваат во пензија. Потребно е сите што имаат такви искуства да се пријават на следниот конкурс.
Кај нас не сите противпожарни служби имаат добри услови за работа. Има општински единици кои сè уште работат со камиони од времето на поранешна Југославија. Во меѓувреме, потсетуваме дека за големи пожари се грижи Дирекцијата за заштита и спасување, чиј буџет е 5 милиони евра.