Авганистанските мигранти кои синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром се негативни на тестирањето за Ковид-19, изјавиле од Владата за МИА.
„Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР Ковид -19 тестовите“, велат од Владата.
Со авион на компанијата „Камаир” вчера преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан.