Скандалозна аудио снимка, каде според објавувачот главен херој е функционерката од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ, осамна на „Јутјуб“. Во снимениот разговор може да се чуе како претседателката на Градскиот комитет на Унијата на жени од опозициската партија тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е на раб на пропаст, доколку не извојува победа на претстојните локални избори. Федерализација и бегалски кампови се исто така темите кои може да се чујат од женскиот глас, зад кој, според објавата, стои Жугиќ.
„За да не си ги горите кадрите, има место за сите, ќе дојде време. Дај Боже да дојде време, и локална и извршна власт да земеме, ќе немаме кого да ставиме, оти има многу функции. Има многу директорски, раководни позиции. Ова е списокот, којшто вашата претседателка, на која јас ќе и дишам во врат кога ќе ја добиеме локалната власт, а се надевам ќе ја добиеме, да се праша секоја една која што е овие 3 и пол години присутни, што и треба. Мене многу и не ми значи во Пробиштип кој ќе биде градоначалник. Се знае дека Скопје е метропола на Македонија и Скопје ги дефинира политичкиот, социјалниот, културниот, живот на Македонија. А знаете што ќе се случи ако изгубиме? Јас не го сакам тоа сценарио, но ни тропка на врата. Ни грепка. На парламентарните ќе доживееме потоп. Нема да имаме 10 пратеника. Народот комплетно ќе се демотивира, и онака е демотивиран“, може да се слушне од разговорот.
Таа понатаму вели дека Албанците го окупираат Бутел, како и дека се менува етничката карта на Македонија.
„Значи Бутел е на раб да му се случи она што му се случи на Чаир. И кога бевме во посета, кога бевме со Магде во Бутел, ме израдуваа членките и претседателката на Бутел, дека ветено е дека ќе има некаква национална стратегија за Бутел. Луѓето, Албанците, масовно се селат од Чаир во Бутел, ги менуваат личните карти, инвеститори градат исклучиво Албанци, таму Македонец не смее да купи стан. Значи, нè продаваат. На раб се да ја сменат етничката карта на Бутел. Иако ние на градско ниво не направиме исти стратегии, а има решение, има решение, не дека нема, ние го изгубивме тој дел на Скопје“.
Во разговорот, во времетраење од три минути, може да се чуе и дека Никола Груевски за се бил во право и при евентуален пораз на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ етничката карта на Македонија.
„Сведок сте што се случува со Треска во моментов, спортско рекреативниот центар кој што е изграден од придонес од 0.2 отсто од сите скопјани. Инвестиција од 200 милиони евра е во прашање. Турчин! Нема спортско рекреативен центар, има трговски молови, хотели, казина„Сите бизниси од тетовските и гостиварските села ќе ни дојдат на две минути од Скопје, цело Косово ќе ни биде овде преку викенд и ќе ја изгубиме демократијата онака едноставно, како што ќе ја изгубиме Македонија, македонскиот јазик. Се она што го зборуваше Никола Груевски години наназад, сè се исполни. Остана уште федерализација и камповите на бегалците, а тоа ќе се случи доколку ги загубиме локалните избори. Ќе ни ја сменат етничката карта на Македонија“.