Кошаркарите на Атланта поставија рекордот во НБА-лигата по прецизни удари за три поени во една четвртина без промашување. Тие ноќеска на мечот со Њу Орлеанс (123:107) реализираа 11 тројки од 11 обиди.
Рекордот претходно го држеше Кливленд, кој постигна 9 од 9 тројки против Атланта во ноември 2014 година.
Атланта по 51 одигран натпревар е четврта во Источната конференција со 27 победи и 24 порази.