Универзитескиот професор од Приштина, Бљерим Љатифи, острите критики на албанскиот премиер Еди Рама изнесени на Бледскиот стратешки форум против Бугарија, ги нарекува апсурдни. Професорот Љатифи смета дека Рама на место да ја одвои перспективата на интеграција на Албанија во ЕУ од перспективата на поранешните југословенски републики, тој уште повеќе нурнува во нивното прљаво мочуриште.
„Албанците немаат никаков проблем со Бугарите. Напротив, после Хрватите, тие се најпријателскиот народ на Албанците во Балканот. Тоа што денеска го направи Рама за Македонија во Словенија, македонскиот премиер никогаш немаше да го направи за Албанија“, пишува Љатифи на неговиот Фејсбук профил.
Напротив, тој тврди смета дека македонската власт искористило секое средство да ги денационализира Албанците, исклучувајќи го само етничкото чистење, кое не можеле да го направат инаку не би се воздржале ни од тоа.
„Целиот свет знае дека сето тоа што се нарекува историја, јазик и култура на македонските словени, во суштина, претставува крадење на бугарското наследство и дека македонскиот народ е една коњуктурна креација на Тито. Титовата Југославија е мртво и Балканот нема никогаш да се смири се додека не го заборава целото негово наследство“, пишува Љатифи.