Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица, ветува кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Димчо Атанасовски.
„Реализиравме проекти за заштеда на електричната енергија во речиси сите објекти на локалната самоуправа. Во основното училиште поставивме фотоволтаичен систем од 37 киловати, кој обезбедува заштеда на електричната енергија од 50%. Во соработка со Источен плански регион инсталиравме три нови соларни централи на Домот на култура, Куќа на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби. Вкупната моќност на овие централи е 97 киловати, што на општинско ниво обезбедува 134 киловати чиста и зелена енергија. Во моментот спроведуваме постапка за целосна реконструкција на Здравствена станица проектот ќе биде завршен во наредните шест месеци, а објектот ќе биде современ енергетски ефикасен и со модерен изглед. Во првите две години од новиот мандат целосно ќе ги реконструираме детската градинка Бамби, објектот на ЈП Камена Река, средното училиште Миле Јаневски Џингар, за реконструкција на овие објекти веќе имаме подготвено целосна проектна документација“, рече тој.