Генералот Атанас Атанасов, претседател на Демократи за силна Бугарија (ДСБ) и копретседател на парламентарната група на владејачките „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), во изјава за БНТ ја критикува работата на бугарските безбедносни служби коментирајќи го потегот на македонското МНР да прогласи за непожелни тројца руски дипломати, пренесува Мета.мк

Дополнително, забрана за влез во земјава, покрај тројцата руски дипломати кои се протерани од државата добил и шефот на руското црковно предворје во Софија Васијан Змеев, како што објавуваат македонски медиуми, повикувајќи се на добро упатени извори во Министерството за надворешни работи.

„Дотичниот свештеник оди во Северна Македонија за да ги извршува функциите на руското разузнавање со цел да дојде до раскол во македонската црква. Малата Македонија со своите служби дозна дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи во Руската црква се занимава со разузнавање во Македонија и го протерале од таму, а тој живеел 5 години во Бугарија. Го прашувам бугарското контраразузнавање – имаат ли срам што тој што живее овде и развива разузнавачки активности во Бугарија е избркан од Македонија, а тој удобно живее овде?“, вели Атанасов за БНТ и додава дека „сите во ДАНС знаат дека овој свештеник овде е претставник на руското разузнавање во сенка“.

Целата вест на Мета.мк