Вечерва играчите на Рома ремизираа на домашен терен против Аталанта (1:1) во натпреварот од 32. коло во Серија А.
Аталанта и Рома се борат за место во Лигата на шампионите, но клубот од Бергамо е во многу подобра ситуација. Рома не успеа да победи и се чини дека Лигата на шампионите сега е само сон за нив.
Сепак, во Рома можат да бидат задоволни од конечниот исход, со оглед на можноста што Аталанта ја пропушти вечерва.
Гостите многу подобро ја отворија играта и поведоа во 26-та минута од играта кога Госенс му асистираше на Малиновски кој погоди за 1:0. После тоа гостите имаа неколку одлични шанси преку Иличиќ и Запата, но немаше голови.
Аталанта беше многу подобра и на почетокот на второто полувреме. Гостите имаа голема шанса во 56. минута преку Ромеро, но повторно топката отиде покрај голот.
Десет минути подоцна зицер за гостите. Во шанса беше Луис Муриел кој успеа да промаши празен гол од само неколку метри и се поставуваше прашање само кога Рома ќе ги казни гостите за овие промашувања.
Сето тоа се отвори во 69. минута кога гостите останаа со играч помалку затоа што Госенс доби втор жолт односно црвен картон.
Рома израмни на 1:1 само шест минути подоцна. Во центарот на вниманието беше Кристанте кој постигна одличен погодок и донесе бод на Рома против својот поранешен тим.
Домашниот тим можеше да ги сврти работите во 81. минута бидејќи Един Џеко имаше добра шанса, но тој шутираше директно кон голманот на Аталанта. Рома напаѓаше до крајот, но резултатот не се смени.
Аталанта е трета со 65 бода, исто колку и Јувентус, а Рома остана седма со 55 бода.