Британско-шведската мултинационална фармацевтска компанија „АстраЗенека“ денеска соопшти дека не е запознаена со какви било сериозни или неочекувани несакани ефекти од нејзината вакцина против коронавирусот и ги истакна нејзините строги стандарди за квалитет и употреба во повеќе од 50 земји, јави ДПА.
Извештаите за несаканите ефекти и загриженоста за ефикасноста во последните неколку дена натераа одредени луѓе во Германија да ја избегнуваат вакцината против „Ковид-19“ на „АстраЗенека“. Некои луѓе се жалеа на сериозни реакции, понекогаш дури и бараа боледување, што доведе до зголемување на откажаните вакцинации од страна на оние кои покажаа нервозна поради имунизацијата.
Во моментов пријавените реакции се на нивото што го очекувавме врз основа на собраните докази од нашата програма за клиничко испитување, изјави за ДПА портпаролот на „АстраЗенека“.
Несакaните ефекти или симптоми вклучуваат привремена болка и чувствителност на местото на инјектирање, лесна до умерена главоболка, замор, треска, малаксаност и болка во мускулите.
„Повеќето симптоми се јавуваат еден ден по вакцинацијата, а многу поретко се појавуваат на кожата по втората доза на вакцината“, изјави портпаролот на „АстраЗенека“ за ДПА.
Засега нема потврдени сериозни несакани дејства поврзани со вакцинирањето со нашата вакцина против Ковид-19“, изјави портпаролот, додавајќи дека компанијата внимателно ја следи ситуацијата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.