Пејачот Џастин Бибер се здружи со хор составен од медицински сестри, лекари и друг персонал на Националната здравствена служба во Велика Британија за да сними Божиќна песна.

Хорот „The Lewisham“ и „Greenwich“ на Националната здравствена служба беа дел од ремиксот на песната „Holy“ на Бибер, која во октомври го достигна седмното место на музичките листи на Билборд.

Станува збор за проект кој има хуманитарен карактер, а целта на Бибер е да им помогне да победат во трката за Божиќна песна број еден во Велика Британија. Песната ќе биде објавена на 18 декември.

Ми беше чест да се сретнам со сите од хорот и навистина сум среќен што ќе го добијат својот број еден“, изјави Бибер.

Приходите од новото издание на песната „Holy“ ќе бидат наменети за „Charity Together“ која е собир на повеќе од 230 добротворни организации на Националната здравствена служба.

Дел од хорот на Националната здравствена служба / Instagram

Членот на хорот, Памела Лутало, која годинава работеше на 30-креветно ковид одделение, рече дека „Holy“ е песна за благодарност на семејствата, пријателите, колегите и заедницата кои дадоа охрабрување и поддршка на луѓето за време на пандемијата.

„Holy“ е една од седумте песни во трката за годинашниот Божиќен број еден во Велика Британија, а победникот ќе биде претставен на „BBC Radio 1“ на Божиќ.