Џастин Бибер се соочува со сериозни обвинувања заради кои би можел да има проблеми со законот.
Имено, неодамна Џастин Бибер го објави својот нов албум „Justice“, а целиот дизајн на албумот многумина го поврзаа со логото на помалку познатото француското дуо „Justice“.
Француското електронско дуо и нивната издавачка куќа „Ed Banger Records“ тврдат дека постојат сличности помеѓу дизајнот на албумот на Бибер и логото на бендот. Тој стратешки се „инспирирал“ од нив и како што велат, станува збор за бесрамна копија.
Откако Бибер го објави својот нов албум, обожавателите на „Justice“ веднаш ја забележале сличноста помеѓу фонтот на насловот на корицата на албумот на Бибер и логото на дуото, каде што се истакнува буквата „Т“ која личи на стилизиран крст. Тие покренале и судска постапка со која ќе ја бараат правдата.
„Утрото кога Бибер го објави својот албум, не можевме да не ја забележаме сличноста. Освен што самите го забележавме, нè конактираа и стотици луѓе кои го забележале истото па голем дел од нив нè прашаа дали можеби станува збор за некаква соработка“, изјави ко-менаџерот на групата Тајлер Голдберг за „Rolling Stone“.