Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски се јави со реакција за новиот автомобил на премиерот Зоран Заев, со кој се појави на предизборен митинг.
-Зоран Заев како што можевте да видите вчера се развозува со нов автомобил марка БМВ во вредност од над 100.000 евра, а најголем дел од граѓаните во Република Македонија немаат пари ниту за јадење. Половина милион луѓе во Република Македонија живеат со две евра на ден и тоа се официјални статистики кои што изминативе три години се актуелни, а Зоран Заев троши 100.000 евра на луксузно возило. Со парите од луксузниот автомобил во кој што се вози премиерот на државата можело 50.000 наши сограѓани да се прехранат. 100.000 евра или над 6.000.000 денари, тоа се околу 220 просечни плати, или околу 400 минимални плати. Со парите кои Заев ги потрошил за својот луксузен автомобил 400 семејства ќе можеле да се прехранат еден месец, вели Арсовски.