До, Министерот за Култура на РСМ – Ирена Стефоска

Асоциацијата на фоклорни ансамбли и друштва наалбаците во РСМ

(АФАДАМ) со седиште во Скопје ул.Петар Драганов бр. 23 Скопје

Јавен протест против дискриминацијата наалбанската култура во Република Северна Македонијапо повод Огласот на разултатите од Конкурсот за 2021 г.објавен од страна на Министерството за Култура наРСМ.

Асоциацијата на Фоклорни Ансамбли и Друштва наалбаците ви РСМ (во понатамошниот текст АФАДАМ) јавнопротестира против дискриминацијата на албанската култураво РСМ по повод објавените резултати  од Конкурсот за2021 г. објавени од страна на Министерството на РСМ, ЗАТОА ШТО:

1. Бројот на албанските друшта и ансамбли во РСМ којконкурирале и кои се финансираат за проекти од овој конкурс е значително поамал во споредба со бројот на истите во 2020 година.
2. Пројектите кои се одобрени со овој конкурс се под сомнеж дека се засновуваат на професионалност, докажани реализации, квалитети и дека застапуват јавен интерес за граѓаните што е најважната цел на Конкурсот на Министерството за Култура на РСМ. Одтоа се добива мнение дека рангирањето е од други потреби и причини кои можеби се манипулативни, партиски, или од лични интереси на комисииите кои вршеле проценка и рангирање.
3. Буџетски гледано финансиските средства за албанските друштва и ансамбли се драстично намалени во споредба со проектите во однос на другите конкуренти.
4. По консултации со другите конкуренти кои се членови на АФАДАМ произлегува дека комисиите некои пројекти воопшто не ги прочитале или ги поминале само формално.
5. АФАДАМ согласно Годишната Програма за 2021 покрај другите проекти има конкурирано со интересен пројектза Вториот Фолклорен Фестивал ,,Аљуш Хамиди 2021(посветено на основоположникот на совремната култура и ументност во РСМ) и истиот воопшто не е разгледуван сериозно, а на АФАДАМ му се одобренинепобарани средства за опрема, мебел во висина од 50 илјади денари(абсурд). За жал претседателот на дотичната комисијата Емин Гаџа иако човек од културата, воопшто не го расправал важноста на пројектот пред комисијата и со тоа му нанел голема штета на албанската култура и уметност бидејќи се работи за еден своевиден фестивал кој само што е започнат коко посветение за големиот културолог и хуманист Аљуш Хамиди од Скопје.
6. Бараме Министерството за култура да ги разледа повторно доставените проекти од албнаските друштва и ансамбли и да не дозволи ваква неправда за албанските друштва и ансамбли а со тоа да ги повреди основните одредби на Уставот на РСМ , Законот за култура и другите законски прописи и процедури кои ја регулират ова материа.
7. АФАДАМ ќе ги брани интересите на албанските друштва и ансамбли во РСМ, ако има потреба и преку организирање на јавни протести пред Министерството за култура на РСМ, Влада на РСМ , Парламентот на РСМ, и другите Меѓународни организации и друштва.
Со почит, Претседател на АФАДАМ
                                                                                                                        Бедри Сали