Предложените измени во Законот за игри на среќа загрозуваат повеќе од 8.000 работни места и затворање на цел сектор. Асоцијацијата на спортски обложувалници бараат итно повлекување на предложените измени од Електорнскиот регистар на прописи – ЕНЕР, со кои се превидува кладилниците и казината да се одалечат 500 метри од образовните институции. Според нив, Министерството за финансии предлага измени кои ги нема во ниту една европска земја.
„Измените за оддалечување на деловните објекти се целосно неприфатливи и подготвени сме силно да се спротивставиме на ваквиот предлог. Растојанието од 500 метри оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98 отсто од уплатно-исплатните места, односно гасење на целата стопанска гранка“, наведуваат од Асоцијација на спортски обложувалници.
– Advertisement –
Од АСОМ велат и дека нема никаква логика од една страна да се оддалечуваат уплатните места од образовните институции, а од друга драстично да се зголемуваат давачките кои што ќе треба да ги платат кон државата. Едноставно, нема да има наплатни места за кои ќе треба да се плати. Од Финансии велат дека ова законско решение било претходно најавено и сега има простор засегнатите страни да доставуваат забелеши и предлози на ЕНЕР со цел да се изнајде соодветно решение.
„Предлог законското решение сега е комплетирано и е поставено на ЕНЕР со цел да се добијат коментари и мислења.Сите законски решенија министерството ги носи низ еден транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе да се дојде до оптимални солуции и ќе биде во интерес на најголем број чинители“, велат од Министерството за финансии.
Според нацрт измените обложувалниците ќе треба да бидат одалечени 500 метри од училиштата и факултетите, а одалеченоста ќе треба и да ја докажат. Покрај ова се предвидува и зголемување на цената за добивање на лиценца за 20 илјади евра. За предлог измените зебелешки и комантари ќе може да се доставуваат до 20-ти месецов на ЕНЕР.
Андреа Чобанова