Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети општина Чучер Сандево, каде e завршен инфраструктурен проект од ТАВ програмата.Во оваа општина се работеше на реконструкција со асфалтирање на улица со должина од 2 километри,  улица ги поврзува селата Мирковци и Бањани, односно поврзува 2 илјади наши сограѓани од овие села, или близу 10.000 сограѓани од целиот овој регион, кои секојдневно ја користат. Токму ова се придобивките од инфраструктурните проекти на ТАВ програмата, локални инфраструктурни проекти, низ сите општини, низ цела држава кои го подобруваат квалитетот на живот на сите наши граѓани, изјави Битиќи.Вицепремиерот информираше дека веќе се реализирани 70 проценти од почнатите проекти од ТАВ програмата, како и оти сите ќе бидат завршени во предвидениот рок до крај на оваа, 2023 година.

Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ упати благодарност до Владата за изградбата на патот во должина од два километри кој ги поврзува селата Мирковци и Бањани.Пред да се изгради овој пат во овој дел имавме само неколку куќи, а сега имаме десетина градби и 14 барања за градби кои ги работи општинската администрација на Чучер Сандево, изјави Комненовиќ