Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата сопруга Асма оздравеа од коронавирус по негативните ПЦР тестови кои ги добиле, јавува Ројтерс.

-По завршување на карантинот, симптомите и негативниот тест претседателот и првата дама се вратија на работните обврски нормално, наведува САНА.

Агенцијата на 8 март објави дека Асад е позитивен на коронавирус.