Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше разочаран по поразот од Евертон, „топчиите“ загубија на „Гудисон парк“ со 2:1 во 14. коло од Премиер лигата.

Лондонскиот состав го претрпе осмиот сезонски пораз и сега е на 15 место и не така далеку од позициите кои водат во Чемпионшип.

– Создадовме доволно шанси, требаше барем да избегнеме пораз. Немаме среќа. Загубивме од Барнли, и тие немаа удар во рамките на голот. Сега сме поразени, бидејќи Евертон имаше неколку шанси, си отежнавме после првиот примен гол..Момците се борат, иако ситуацијата е тешка – рече Артета.

Следниот натпревар Арсенал ќе го има против Челси. Пред тоа, екипата од „Емирати“ ќе се сретне со Манчестер сити во Лига купот. На прашањето каква е неговата иднина во клубот, тој одговара:

– Фокусиран сум на тоа да го извлечам тимот од оваа ситуација. Ова не е доволно добро, ниту прифатливо за клуб како Арсенал – додаде шпанскиот менаџер.

ВИДЕО: Анчелоти знае како со великаните, горчливи „карамели“ за Арсенал!