Доколку може да му се верува на „Радио Монте Карло“, Микел Артета ќе биде наследникот на Роналд Куман на клупата на Барселона. Иако тој е врзан со договор со Арсенал, сепак според овој медиум голема е веројатноста тој следната сезона да седне на клупата на каталонскиот тим. Раководството на Барселона не е задоволно од начинот на кој Куман го води тимот ниту од резултатите.