Првиот вицепремиер Артан Груби во изјава за медиумите за коментар за францускиот предлог изјави дека тој лично гарантира дека никакви полседици нема врз македонскиот јазик и идентитет.

-Ви гарантирам, како човек на кого му го спореле јазикот, тука во Северна Македонија, дека апсолутно нема никакви последици по македонската културна, јазична, идентитетска особеност, тоа ви го гарантирам, од мое лично име, од име на ДУИ и Владата. Ги ограбрувам политичките елити и да се надминат себе си во овој историски момент.