Првиот вицепремиер Артан Груби денеска ќе биде во еднодневна работна посета на Приштина. Како што велат од неговиот кабинет Груби ќе има средба со лидерите на политичките партии Вјоса Османи, Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику,
Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај. Тема на разговор на состаноците ќе биде процесот на пописот во Републиката на Северна Македонија, велат од кабинетот на Груби.