Говорејќи за препирките помеѓу Владата и директорот на ДПИ, политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека сега Владата нема избор освен да го разреши директорот, бидејќи има непочитување на етичкиот кодекс, без разлика од која причина е настаната.

-Тој не комуницира со премиерот и самото тоа е доволно за разрешуање. Ќе биде зијан и директорот и Владата. Тоа што не е доволно јасно во јавноста е дека со тоа Владата решава проблем што не го создала таа. Тоа се 1.350 рамковни вработени од претходната Влада кои сега Владата се обидува да им најде место, вели Арсовски за Утрински брифинг.

Во ДПИ не се нудат инспектори, туку се понудени за помошен персонал и во таа смисла не се коси со никаков закон, но секако е непријатно кога гледате неусогласеност помеѓу владините претставници, смета Арсовски.