Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја кочат работата на Собранието, напротив тие се проактивни за многу теми кои што се од интерес на граѓаните, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Според него, доколку власта сакаше односно СДСМ да биде изгласан петтиот сет на мерки и да се помогне на стопанството тоа можеа да го направат дента кога се гласаше доверба на владата на Зоран Заев, бидејќи две недели порано беше претставен петтиот сет на мерки и можеа тогаш да го изгласаат.
-Но, зошто не го направија тоа? Тоа не го направија бидејќи и самите ним не им одговара да биде изгласан петтиот сет мерки затоа што немаат пари во Буџетот, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање