Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија за денешниот протестот на матичните лекари вели дека има сериозен проблем бидејќи не им се исплатени капитациите, а се соочуваат со зголемени сметки за струја и здравствени материјали за работа.
-Во однос на нивните барања, гледаме дека се сериозни, вклучително како прво и најосновно капитација која што во моментот е 65 денари и самите тие потенцираат дека практично работат за нерентабилни суми имајќи во предвид дека изминатите две три години тие се на првата борбена линија со пандемијата. Оттука смета дека треба да им се исполни барањето во однос на капитацијата бидејќи ако земам во предвид од она што може да го разговарам со голем дел од матичните лекар само сметките за струја о нивните матични ординации кои што ги водат се покачени за некаде од четири до пет, а можеби шест пати повеќе во однос на цените на струја, или од 5.000 денари од 25.000 или 30.000 денари, рече тој.