СДСМ имаат сериозен проблем со реалноста и без срам ја лажат јавноста. Криминалот и корупцијата во Македонија се на прво место и нивните креатори имаат име и презиме,Зоран Заев, Оливер Спасовски, СДСМ и цела криминална заевска булумента од Влада и правосудство, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што вели тој, дека ова е вака, нотирано е и во извештајот на Стејт Департментот на САД во кој се образложува и нотира за високо ниво на корупција и вмешаност на владини функционери.

-Македонија стана синоним за корупција и криминал. Законите за борба против корупцијата повремено слабо се применуваат и со нив селективно се гонат критичари на власта и ситни прекршители. Има сериозни обвинувања за корупција во полицијата, судството и во многу други сектори. Многу компании кои работат во Македонија, вклучително и американски компании, ја посочуваат корупцијата како проблем во доделувањето на јавни тендери и во правосудството, читат кој го пишува во извештајот на Стеј Департментот, вели Арсовски.