Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски јавно ги прашува МВР и Јавното обвинителство до каде се со постапката за приведување, на како што вели фалсификаторите и рекетарите. Арсовски секако мисли на двата скандали кои ги објави неговата партија. Едниот е со издавањето на пасоши и лични документи за балкански криминалци, а вториот е како што тие тврдат рекетот во РЕК Битола од страна на високи функционери на СДСМ.
-Вчера наместо да сееја страв низ институциите и да заплашуваат луѓе, Јавно обвинителство и МВР требаше да ги прибере на разговор и да дадат изјави оние што стоеле во пријавата за барање рекет, братот на премиерот Вице Заев, Васко Ковачевски, Столе Чифлигароски, како и овие што се обиделе да фалсификуваат документи во пријавата и да бришат нечии имњиа.
Заеви се на колена, фатени се во уште еден криминал заглавени до гуша и затоа своите пипци низ институциите ги ставаат во заштита на нивниот криминал.
Цела година никој од обвинителството, ама баш никој не смеел да го отвори случајот против братот на премиерот за обид за рекетирање и изнуда на над 250.000 евра, а згора на се и некој таму извршил фалсификат.
Па има ли покорумпирано правосудство кое е во служба на еден крими-картел како Заеви?, вели Арсовски.