Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски изјави дека ако се погледнат изјавите на премиерот и министерот за здравство за вакцините ќе се види дека постојано, како што вели, лажат. Воедно прашува дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини.

-Најпрвин велеа дека ќе стигнат стотина илјади, па 50 илјади, па 200 илјади, па биле нарачани. Даваат датуми како 15 февруари, доаѓа 1 март, се уште нема вакцини. Имам информација дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и воедно кои се причините доколку е вистина дека е вратен, иако нашите информации говорат дека е вратен и не само што ќе доцнат туку ние нема да добиеме вакцини од кинеската фирма во идниот период, рече Арсовски.