Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека не очекува ескалација на протестите против францускиот предлог кои ги организира опозицијата, но и оти „болката и поделбата ќе остане и барикадите во различните кампови ќе останат“.
„Ние во суштина немаме вистински дебата ниту за францускиот предлог, ниту за алтернативите пред нас. Предлогот доаѓа кога треба брзо да се разреши притисокот од меѓународната заедница, нестабилната ситуација во Бугарија, војната во Украина. Ова доаѓа по долг период неисполнети ветувања од ЕУ и ја прави дебатата невозможна“, рече Арсовски вечерва во емисијата „24 анализа“.
Според него, „не може да се споредува сегашната ситуација со идеалната ситуација“.