Судот денес го прогласи за виновен Сулејман Љамалари кој ја нападна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и му изрече казна затвор во траење од 2 две години.
По пресудата, се огласи Арсовска која кажа дека ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник.
„Насилникот не покажа ни трошка каење за стореното, со својот однос континуирано се исмеваше со судот и јавноста. Дури се обиде жртвата да ја претстави како напаѓач, а себеси иако е насилник да се претстави дека бил тепан од жена“, рече Арсовска.
Текстот Арсовска за пресудата: Ова е победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка е превземен од МАКФАКС.